петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк, се вели во соопштението од прес-службата на Град Скопје.

-Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра. Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел. Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри, истакнуваат од градот.

Во наредниот период службите од Градот Скопје ќе извршат обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, ќе се обноват нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници, додават од таму.