недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Поставени светлосни сообраќајни знаци на булевар Гоце Делчев на пешачкиот премин кај стара меѓуградска станица

Поставени светлосни сообраќајни знаци на булевар Гоце Делчев на пешачкиот премин кај стара меѓуградска станица

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, одговорни за одржување на светлосната сигнализација денес на булеварот Гоце Делчев на пешачкиот премин кај стара меѓуградска станица ги поставија новите светлосни сообраќајни знаци.

– Светлосните сообраќајни знаци со пиктограм се поставени кај средишното зеленило на булеварот и се со функција за подобра видливост на пешачкиот премин, како и за зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Светлосните знаци ќе се поставуваат и наредниот период од двете страни на булеварот, информираат од ЈП Улица и патишта.