По налог на Град Скопје, а по пристигнати барања преку е-поштата на 24 часа отворен град, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња за зголемување на безбедност на пешаците на улицата „Франклин Рузвелт“.
На потегот од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до булеварот „Партизански одреди“ од десната страна, досега се поставени околу 30 заштитни столпчиња, а поставувањето ќе продолжи и во текот на денешниов ден.
-Со поставените столпчиња се превенира непрописно паркирање возила на овој потег и се овозможува непречено и безбедно движење за пешаците, информираат од Град Скопје.