понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Постои сомнеж дека храната е причина за смртта на жирафата Каспер, се чека и обдукцијата

Постои сомнеж дека храната е причина за смртта на жирафата Каспер, се чека и обдукцијата

Се уште се чекаат наодите од обдукцијата на жирафата Каспер, која пцовиса во скопската Зоолошка градина. „Макфакс“ дознава дека постојат сомневања дека причината е храната, поради што, земени се и примероци од истата, за да се добијат точните податоци дали Каспер е правилно хранет согласно протоколите.

Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, за „Макфакс“ вели дека по извештајот ќе одлучат како ќе постапуваат понатаму.

„Наш инспектор беше таму. Но наодите од обдукцијата, како и за храната, чекаме известување од Факултетот за ветеринарна медицина. Ние чекаме како и од нив. Земени се примероци од храна и самиот обдукционен протокол за кој примероци имаат земено од нивниот тим – тоа го работат тие. Потоа ние добиваме извештај по кој постапуваме понатаму, ако има потреба“, вели Бабовски.

Жирафата Каспер пцовиса пред три дена. Тој имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Ова е втора жирафа која пцовисува, откако претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години.

Зоолошката сега останува со една жирафа, пишува порталот.