петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе скопски улици во понеделник ќе останат без струја

Повеќе скопски улици во понеделник ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 29.03.2021 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 07:55 до 10:55 часот, корисниците од село Брњарци (општина Гази Баба) корисниците од левата страна на Арачиновски Пат, објектите околу ЗИК Краварство, АРС Комерц – пат за Арачиново, каменолом Арачиново и објектот на бензинската пумпа Давос на влезот во село Арачиново. (општина Арачиново)

– во периодот од 08.45 до 12.00 часот, корисниците од село Глумово лоцирани во околината на училиштето. (општина Сарај)

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од викенд населбата Маркова Сушица. (општина Студеничани)

– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Дамаска. (општина Карпош)

– во периодот од 12.30 до 15.30 часот, корисниците од село Чајлане, како и дел од корисниците од село Семениште. (општина Сарај)