понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Пожар вечерва под далековод до трафостаницата во Пинтија (ВИДЕО)

Пожар вечерва под далековод до трафостаницата во Пинтија (ВИДЕО)

Инфомакс пред малку доби неофицијална потврда за причините што главниот град Скопје и половина држава повеќе од половина час беше оставен без електрична енерегија.

„Како што дознаваме причината за прекинот во снабдувањето на домовите со електрична енергија не е во универзалниот дистрибутер ЕВН, туку во високонапонска трафостаница на МЕПСО.

Последните информации кои ги добиваме од терен е дека во моментов има голем пожар во Кисела Вода, односно кај трафостраницата на МЕПСО во населба Пинтија.

Како што дознаваме во главниот град има неколку вакви високонапонски трафостаници од кои едната е на локацијата во Пинтија каде во моментов гори силен оган“ – пишува Инфомакс.

Екипата на Инфомакс се вклучи од лице место каде што се гледа како пожарникарите се справуваат со огнената стихија која ја загрози електричната инфраструктура на Скопје.