На почетокот на денешното судење за „ТНТ“, судијата кој го води предметот рече дека поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски до судот доставил документација според која синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според судијата Огнен Ставрев, екс градоначалникот Трајковски се здобил со повреди по главата и телото, а по укажаната лекарска помош, тој утринава бил пуштен дома.
Судијата објасни дека комуницирале со надлежниот доктор кој им објаснил дека тој е во добра состојба.
Поради ова судијата даде еден час пауза за да пристигне Тони Трајковски и рече дека ако не се појави во судницата за еден час, ќе побара тој да биде донесен со полиција.