Претставници од приватните превозници пристигнаа на средба во Советот на град Скопје на која очекуваат да се изнајде решение за проблемите со кои се соочуваат.
Веќе петти ден овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив.
Непосредно пред средбата, пред централата на Јавното сообраќајно претпријатие тие одржаа мирен протест барајќи средба со директорот на претпријатието.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера ги обвини приватните превозници дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец. Во демантот на таквите обвинувања, превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.