Читатели на КУРИР денеска испратија алармантни фотографии од Водно.
Имено според нив се гледа како дел од планината тоне во ѓубре поради несовесноста на граѓаните кои рекреативно се шетаат низ неа.
Граѓаните ги окривуваат и институциите и надлежните органи кои не преземаат буквално ништо за да се расчисти и да не се повтори овој девијантен чин на скопјани.
Инаку денеска и Матка беше преплавена со туристи како и реката Треска, по што се поочигледно е дека и сликата таму не е ништо подобра.