Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве целосно завршија со асфалтирање на улица 10 во населеното место Кисела Јабука, а се продолжува со изградбата на улиците во населеното место Ново Село.
Во населено место Кисела Јабука изминативе денови се асфалтираа улицата 10 при што се употреби 22 тона асфалтна маса и кракот од улица 1 од левата страна на површина од 260м2 со употреба на 40 тона асфалтна маса.
Денеска се работи на кракот од десната страна на улицата 1 во населено место Ново Село која во текот на наредните денови ќе биде асфалтирана на површина од 300м2.
Во претходниот период асфалтирани беа улиците 46, 46А, 68, 4 и 6. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.
Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат со градежните активности на улиците кои се предвидени за асфалтирање во населеното место Ново село.