Со големо задоволство, ги покануваме сите оние кои сакат да бидат дел од заедничката прослава на патрониот празик на Општина Кисела Вода, Ѓурѓовден! Во сабота, на 06 мај, со почеток од 12 часот, пред Домот на култура ,,Билјана Беличанец” започнува целодневното дружење кое предвидува содржини за сите возрасти. Настанот започнува со програма за најмладите која ќе ја отвори ,,Светот на Биби”. Еден час подоцна, од 13 часот, започнува концертот на дечињата од фестивалот Поточиња. Во 14 часот свој настап ќе имат танчерите од студиото за танц ,,Данса Латина Стефи”, велат од општината.
Вечерните часови продолжуваат во ведра атмосфера со станд ап шоуто на добро познатите Тино и Атанас. Нивниот настап е закажан за во 20 часот. Веднаш потоа, до крајот на вечерта следува журка на ДЈ Напстер.
„Се надеваме дека секој ќе најде нешто за себе и ќе биде дел од големото дружење по повод патронатот на Општина Кисела Вода.
Како дел од новата стратегија на Општината, и оваа година, големите случувања и настани, покрај културно забавниот дел, ќе содржат и реализација или промоција на значајни инфраструктурни проекти, кои ќе се одвиваат во текот на една цела седмица“ – се наведува во соопштението..