Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв“ ќе се одржи денеска на Водно.
– Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.
Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.