недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прв фестивал за миленици – Скопје Пет Фест

Прв фестивал за миленици – Скопје Пет Фест

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“- најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.

-Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители. Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик, како и од најмали нозе децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните, велат организаторите.

Почетокот на Скопје Пет Фест  е од 11:00, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градски Парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Повеќе инфо на petfest.mk