среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прв новогодишен турнир во фудбал под покровителство на Општина Бутел

Прв новогодишен турнир во фудбал под покровителство на Општина Бутел

Општина Бутел беше покровител на првиот новогодишен турнир во фудбал под мотото “Спортска навика – здрава младина”.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека обезбедиле квалитетни услови за игра, медали и пехари, и новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.

-Овие два дена Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на над 200 дечиња од цело Скопје кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Голема благодарност до ФК Бутел како технички организатор на овој убав турнир, се надеваме дека овој настан ќе прерасне во една убава традиција. Општина Бутел и јас како градоначалник ќе бидеме постојани партнери на младите и секогаш ќе го срдечно ќе го поддржуваме спортот, вели Костовски.