четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Прва конститутивна седница на советот на општина Бутел: Костовски им посака плодна работа и заедничка соработка во интерес на граѓаните

Прва конститутивна седница на советот на општина Бутел: Костовски им посака плодна работа и заедничка соработка во интерес на граѓаните

Денеска се одржа првата конститутивна седница на советот на Општина Бутел, на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на советот. Со седницата до изборот на претседател, претседаваше највозрасниот советник Чедо Николовски.

За претседател на советот е избран д-р Игор Николов од коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

На истата седница со заедничка согласност и координација на сите советнички групи беа избрани претседателите и членовите на работните тела на советот (комисиите).

Инаку, мнзинство во Советот има коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ со десет советници, коалицијата предводена од СДСМ има 4, ДУИ 3, Левица 1 и коалицијата Алијанса/ Алтернатива 1.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски им посака плодна работа на советниците и заедничка соработка во интерес на граѓаните.