вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Првоаприлски маскенбал во Скопје ЗОО- Дојдете маскирани!

Првоаприлски маскенбал во Скопје ЗОО- Дојдете маскирани!

По повод Светскиот ден на шегата, во сабота на 01.04 со почеток од 12:30 во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи Првоаприлски маскенбал.

На бината за настани во Скопје ЗОО ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.

За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба, велат од скопската Зоолошка градина.