петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Првоборецот Борис Кралевски, учесник во борбите за ослободување на Скопје: Ниту еден бугарски куршум не е испукан, се боревме против Германците и Балистите

Првоборецот Борис Кралевски, учесник во борбите за ослободување на Скопје: Ниту еден бугарски куршум не е испукан, се боревме против Германците и Балистите

Сосем се неточни тврдењата, како и многу многу други нивни фалсификати во однос на македонскиот народ кој сите ние ги слушаме. Вака Првоборецот Борис Кралевски во Емисија на РТВ Скопје од 12.11.1973 година, ги објаснува тврдењата на бугарската пропаганда, дека и нивни единици учествувале во ослободувањето на Скопје.

-13 ноември Скопје беше слободно. Имавме обезбедување кон Качаник и Германицте се повлекоа и многу подоцна нашите извидници ни јавија дека од кумановско џаде, некоја војска се движи кон Скопје. А потоа добивме информации дека тоа се бугарски единици. Неспорен историски факт е дека ниту еден бугарски куршум не бил пукнал во борбите за ослободување на Скопје, истакнал Кралевски.