среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино

Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино припадна површина 3 која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација која е во должина од 3700 метри, информираат од Општина Илинден.

Со изградбата на пречистителната станица ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од над 300 домаќинства и стопански субјекти кои ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите во Кадино.

Пречистителната станица претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите.

Со инсталирањето на овој тип на пречистителни станици со нова технологија за третман на отпадните води ќе се придонесе за решавање на приоритетниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Кадино, истовремено ќе се влијае во развојот на комуналната инфраструктура.