четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Расчистена дива депонија и одложени 20 кубни метри кабаст отпад во рамките на акцијата за генерално чистење на општина Чаир

Расчистена дива депонија и одложени 20 кубни метри кабаст отпад во рамките на акцијата за генерално чистење на општина Чаир

Во текот на неделава во скопската општина Чаир секојдневно се одвиваат активности во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на акцијата отстранија 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ
Доситеј.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и активности за рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици во оваа скопска општина:

• Бул. Крсте Мисирков

• Бул. Цветан Димов

• Бул. Христијан Тодоровски-Карпош

• Бул. Македонско-косовска бригада

• Ул. Втора Македонска бригада

• Ул. Кемал Сејфула

Воедно, екипите на Претпријатието вршат миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации. Од почетокот на акцијата во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје, жителите на општината Чаир одложиле приближно 20 кубни метри кабаст отпад, информираат од ЈП Комунална хигиена – Скопје.