понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Размена на заробеници во Херсон

Размена на заробеници во Херсон

По долги преговори во Посад-Покровск, областа Херсон разменети се четворица руски заробеници за пет украински војници, соопшти денеска украинската армија.

Досега имаше повеќе размени на заробеници, но сè уште е непознато колку затвореници има на двете страни.

Херсон беше еден од првите големи украински градови освоен од руските сили. Според тврдењата на Пентагон, украинските сили ја вратиле контролата врз градот.

Херсон е стратешки град во јужна Украина, лоциран на реката Днепар и Црното Море, а во него живеат повеќе од 280.000 луѓе.