четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Реакција на Општина Центар до иницијативата „Шанса за Центар“

Реакција на Општина Центар до иницијативата „Шанса за Центар“

Во врска со написите во објавата на социјалните мрежи од страна на „Шанса за Центар“ (https://www.facebook.com/104691108594318/posts/126810806382348/), кои се однесуваат на градежните работи кои се извршуваат на место на поранешниот трговски центар ТЦЦ Плаза, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ информираат дека по предметот е постапувано и повторно се постапува.

Општината ја информира јавноста дека веќе е известена ПС Центар, извршен е увид на терен и записниците веќе во понеделник ќе бидат поднесени до Основното јавно обвинителство.

Граѓаните се должни да знаат дека изведувачот продолжува да гради и покрај решенијата од инспекциите и веќе поднесените кривични пријави против него, се вели во соопштението.