сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Реконструкција на спортското игралиште во Ново Лисиче – ќе го носи името „Никола Христовски-Кољо“

Реконструкција на спортското игралиште во Ново Лисиче – ќе го носи името „Никола Христовски-Кољо“

Екипите на Општина Аеродром деновиве работат на целосна реконструкција на спортското игралиште во Ново Лисиче кое се наоѓа во непосредна близина на Детска улица, а кое ќе го носи името на Никола Христовски – Кољо, чиј живот згасна прерано на трагичен начин.

Во спомен на Никола, кој беше жител на Ново Лисиче, игралиштето добива целосно нов и модерен лик. Се поставуваат нови голови, комплетно нова ограда, како и современа Тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, погодна за сите временски услови. Оваа подлога ќе овозможи безбедно спортување и рекреација за сите генерации.

– Се грижиме за секој дел од Аеродром, а секое катче ќе биде обновено и ќе добие нов сјај со цел аеродромци да имаат пристап до современи и безбедни услови за одмор, спорт и рекреација, велат од Општина Аеродром.