Актерката Ирена Ристиќ сподели фотографии од расфрлано ѓубре, честа слика која може да се види низ Скопје.
Д #СмартСити оф Скопје…, напиша Ристиќ на Фејсбук.
Инаку, Ристиќе е дел од акцијата „Не биди ѓубре“ и заедно со други активисти до сега исчистија повеќе локации во Скопје и им ја завршија работата на оние, кои што се платени за тоа.
Преку акциите тие сакаат да ја подигнат свеста за почиста животна околина. Пораките се не загадувај, или ако веќе си загадил, исчисти си позади себе и службите кои се платени за тоа, да си ја вршат работата како што треба.