Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денес /вторник/ 19.04.2022г. во рамките на големата пролетна работна акција во општината Чаир работеа на санирање на ударните дупки на улицата Цветан Димов и со машинско гребење на поголемите оштетувања во асфалтот асфалтираа површина од околу 40 м2, а ги санираа и недостатоците на светлосната сигнализација на крстосниците во општината со извршени шест интервенции, информираат од градското претпријатие.
Интервенциите на одговорните екипи за семафорите беа на крстосница улица Џон Кенеди со улица Цветан Димов, каде е извршена демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна, направено е поврзување , испитување на семафорот и истиот е пуштен во работа.
Потоа на крстосница Џон Кенеди со улица Ќемал Сејфула утврдено е оштетено и монтирано е ново сенило на зелен возач, на к-ца Џон Кенеди со улица Македонско Косовска Бригада монтирани се пет сенила и заменето стакло на зелен возач. Како и на крстосцницата ул.Никола Карев со улица Самоилова монтирани се нови пет сенила и на к-ца улица ул.Никола Карев со ул.Македонско Косовска Бригада монтирани се две сенила и заменети три сијалици на семафорите за пешаци.
ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје, а заедно со другите јавни претпријатија продолжува и во наредните денови со извршување на следните активности предвидени во рамките на работната акција во општината Чаир, се вели во соопштението на претпријатието.