ЈП Водовод и канализација соопшти дека е саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката „Реплек“, посочувајќи дека водоснабдувањето е нормализирано во 13:45 часот.
Како што претходно јави МИА, од претпријатието наведоа дека дефектот бил настанат поради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда.
Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок.