Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје денеска го санираа оштетувањето на коловозот на булеварот ВМРО, каде што во текот на вчерашниот ден пропадна дел од асфалтот.
Во текот на изминатата ноќ екипите на ЈП „Водовод и канализација“ утврдија дека станува збор за стара водоводна мрежа која се користела за наводнување на парковите и ја извршија потребна интервенција со отстранување на дефектот.
Од ЈП „Улици и патишта“ санирањето на коловозот денеска го извршија со поставување тампонски слој и нов асфалт