Вреден мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, копаничар сo меѓународна слава и последен од големата тајфа на вакви уметници во Македонија, е оставен да скапува во поранешното Матично во Скопје, кое веќе пет години е затворено за склучување брак. Почетокот на градежните работи за реконструкција на објектот кој со години беше затворен, го покажа вредниот мебел кој сосем незаштитен е оставен да скапува во бараката во дворот на Општина Центар. Станува збор за столиците и масата на која младенците седеа при склучување на бракот и витрината во која се чуваа потребните документи, објави порталот „Сакам да кажам“.
Во текстот се наведува дека овој скапоцен мебел кој веќе има и историска вредност е оставен целосно непокриен, без никаква заштита па макар било и обичен најлон.
-Изработени од дрво од орев и со специфична резбра, парчињата изгледаат уникатно и токму тоа наведува дека се изработени од Алексиев-Мирчевски, кој ваков кабинет направил и за вилата на Бриони на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, пишува „СДК“.
Целиот текст прочитајте го на СДК.