среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СДСМ: Со ДПМНЕ на Скопје пак му се случува хаос, овој пат со ѓубрето

СДСМ: Со ДПМНЕ на Скопје пак му се случува хаос, овој пат со ѓубрето

Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје е најнеспособната досега, велат од СДСМ.

-Наместо развој и модернизација како што Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново. Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре. ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена. Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува, истакнуваат од СДСМ.

Во меѓувреме, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје да земат нешто да работат и да помогнат во чистењето на ѓубрето, додаваат од СДСМ.