вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се реконструира урбаната опрема на кеј на Вардар и во Грaдскиот парк

Се реконструира урбаната опрема на кеј на Вардар и во Грaдскиот парк

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје продолжуваат со реконструкција на клупите во градското зеленило. На потег од Железниот мост до мостот на хотелот Александар Палас се бојадисуваат и поправаат клупите од десната страна на кејот на реката Вардар, додека во Градскиот парк во тек е реконструкцијата и поставувањето на клупи покрај новоасфалтираните пешачки патеки.

Истовремено, екипите продолжуваат со уредување на вегетацијата на минор коритото на кејот, по десното и левото течение на реката Вардар.