четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се собираат докази – обвинител ќе пресече дали вработените во „Комуналец“ го загрозуваат здравето на луѓето со штрајкот

Се собираат докази – обвинител ќе пресече дали вработените во „Комуналец“ го загрозуваат здравето на луѓето со штрајкот

Се собираат докази – обвинител ќе пресече дали вработените во „Комуналец“ го загрозуваат здравето на луѓето со штрајотОбјавено пред 12 минути – 9 јули, 2023Од Кристијан Ландов Несобирањето на отпадот во Скопје кое може да се толкува и како смислено загрозување на здравјето на луѓето, допре до скопското Обвинителство. По постапувањето на МВР, тие ги преземале првите чекори на проверки. Од нив треба да добијат одговор, дали има елементи на сторено кривично дело.

Од Обвинителството за „Макфакс“ потврдуваат дека веќе се издадени и насоки за проверки и обезбедување докази, за да се испита што точно се случува. По ова, ќе се одлучи дали ќе има кривичен прогон и против кого ќе биде насочен.

Поради случувањата во „Комунална хигиена-Скопје“, постапуваше и полицијата. Оттаму излегоа со конкретни информации што било пријавено.

Истовреме, Скопје се дави во ѓубре.

Комуналците бојкотираат и не го собираат отпадот откако директорката Косана Мазнева не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Вработените во Јавното претријатие синоќа се собраа на протест пред дирекцијата од каде на Мазнева и’ порачаа дека бараат да им ги врати колегите и да им ги покачи платите за 50 отсто. Во жестока дискусија пред дирекцијата, Мазнева им вети К15 и порача дека законите мора да функционираат за сите.

Преговорите помеѓу директорката Мазнева и вработените продолжуваат од понеделник.