Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје деновиве го уредуваат зеленилото на патот кон село Горно Нерези до Етно Комплексот „Македонско село“ на падините на парк-шумата Водно.
– Вегетацијата во овој период е под постојан раст, особено во вонградската средина каде е доста распространета, и треба редовно одржување. Така, покрај самата сообраќајна лента со соодветна механизација – косилици, се врши кастрење на гранки од дрвја, кроење на грмушки и косење на трева, се наведува во соопштението од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Од ЈП информираат дека се исчистени и диви депонии, како дел од тековните активности за одржување на зеленилото.
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелира до граѓаните да внимаваат каде го складираат отпадот и совесно и одговорно се однесуваат кон природата и зеленилото. Посочуваат дека ова се дел од активности за одржување на вонградското зеленилото и дека изминатиов период екипите работеа во С.Р.Ц „Сарај“ и делови од локалитетот Кањон „Матка“.