петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Селими кон Шилегов: Продолжувате со нерамноправниот однос кон Ромите и со именување на улиците

Селими кон Шилегов: Продолжувате со нерамноправниот однос кон Ромите и со именување на улиците

Во овие три и пол години поминат мандат како советник во Градот Скопје јас можам само да констатирам дека нерамноправниот декларативен однос продолжува и понатаму. Овој пат преку оваа листа на имиња на улици, мостови и плоштади во која се најдоа само две имиња од ромската заедница иако согласно процентуалната застапеност на Ромите на ниво на Град Скопје требаше барем најмалку 20 имиња да бидат дел од оваа листа, вели советникот од советот на Град Скопје од Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Роми обединети од Македонија Ерџан Селими.

Селими рече дека очекувал имиња на Есма Реџепова и Фаик Абдул кои се важни за ромската заедница да се најдат на улиците во централното градско подрачје, а не на улиците 17/76 и 16/79 да се најдат на улици кој што тој не ни знае каде се наоѓаат.

-Согласно листата на имиња кои што треба да ги носат припадниците на Ромската заедница гледам улица 16/76 или 16/79 не знам ниту воопшто каде се наоѓаат овие улици и дали воопшто заслужуваат вакви личности да носат вакви имиња, сепак се работи за истакнати имиња како што е Есма Реџепова и нема потреба за нејзиниот придонес и важност за нашето општество и нашата држава, или за Фаик Абди кој е основач на првата ромска политичка партија, прв Ромски пратеник во собранието, човек кој што е многу ценет за Ромите, вели тој.