среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Селими oд Град Скопје побара еднократна помош за настраданите од пожарите во Шуто Оризари

Селими oд Град Скопје побара еднократна помош за настраданите од пожарите во Шуто Оризари

Ерџан Селими од партијата РОМ на седницата на Советот на градот Скопје побара од Градот еднократна парична помош за семејствата чии домови беа зафатени со страотниот пожар каде настрадаа две малолетни деца.

Toj побара од Градот да додели помош на семејствата кои беа загрозени од пожарот и советниците да ја поддржат таквата одлука.

-На семејствата, вкупно 6 им е потребна итна помош, Скопје треба да ја покаже солидарноста на дело и барам советниците да ја поддржат таквата одлука, воедно честите пожари се аларм итно да дејствуваат надлежните институции и барам пожарната Скопје да отвори пункт во Шуто Оризари, изјави Селими.

Одлуката беше поддржана од советниците на ВМРО ДПМНЕ, додека градоначалникот Петре Шилегов побара да се расправа за точката на наредната седница кога ќе излезе градот со конкретен предлог за оваа иницијатива.