ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат
во текот на утрешниот ден од 8 часот наутро до 15:30, ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот,
односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот, информираат од ЈП Улици и патишта.
-Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје,
поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј
ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија.