Деновиве сервисните екипи на фирмата со која соработува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ги сервисираат влезно-излезните терминали на паркиралишта од затворен тип, како и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието.
Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека поставени се два нови паркомати и нов дополнителен шалтер за наплата на Клинички центар „Мајка Тереза“.
-Во наредниот период ќе се работи на обнова на застарената опрема на неколку паркиралишта – каде што има потреба, инфомираат од ЈП „Градски паркинг“.