Зад мене се случува уништување и масовна сеча на дрва и зелена површина која се одвива со знаење и под директива на Петре Шилегов. Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк. Жителите на Тријангла и Маџари со право се изреволтирани. Она што претходно им служеше како парк и разонода сега повеќе го нема, изјави денеска Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје која додаде:
„Бесцелно се исечени дрва, додека пак улицата „Благој Стефковски“ не е проширена со дoполнителни ленти. Тоа значи дека без план се осакати животната средина и неповратно се исечени десетици дрва. Со месеци жителите се на удар на прашина, нечист воздух, кал, а сега остануваат и без голем дел од паркот. Шилегов стана главниот дрвосечач во град Скопје, а ветуваше зеленило и чист воздух. Шилегов владее со измама, криминал и лаги и затоа тој повеќе ја нема довербата од Скопјани.“