Советничката во Советот на Град Скопје, Жаклина Шопова на денешната седница на советот, вели дека директорката во средното медицинско училиште Панче Караѓозов спротивно на правилникот за стекнување на средствата за репрезентација за подароци и декор потрошила 9470, како и дека се исплатиле повеќе часови по фактура иако како што рече таа се изработиле многу помалку часови.
Во 2021 година спротивно на правилникот за стекнување на средствата за репрезентација за подароци и декор потрошила 9470, има плаќање на фактури по однос на изработени часови каде што помал број на часови се изработени, а платени се две фактури со многу поголем број на часови, едната е во вредност од 22.106 денари, а другата е повеќе од 18.821 денари, вели Шопова.
Дополнително Шопова додаде дека во ова средно училиште иако практичната настава е потребна сепак директорката не обезбедила практична настава, истакнувајќи дека во паралелките за болничари подолго време нема назначено наставник по предметот нега и грижа.
Нешто што мене лично како медицински работник ме прави да бидам лошо настроена кон раководната структура на ова училиште е тоа што во средното училиште каде што практична настава е од големо значение не била реализирана, ниту е требувано за реализација на практична настава. Така што паралелките за болничари подолго време нема назначено наставник по предметот нега и грижа, а ниту пак имале практична настава по однос на овој предмет, рече таа.
Она што исто така ме изиритира е што наставниците во време на ковид пандемијата требаше да користат интернет од самото училиште за да ја предаваат наставата, имале проблем во текот на своето предавање затоа што во ова училиште за жал има интернет, но начинот односно можноста да стигнете до интернет во сите простории, оваа директорка не успеала да го овозможи, вели Шопова.