Оваа точка која е на дневниот ред е предлог одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода и се однесува за решавање на еден проблем на жителите на улица „Славка Динкова“ во населба Драчево, Кисела Вода. Проблем кој што овие граѓани го имаат повеќе од 30 години. Градот Скопје ќе учествува во решавањето на проблемот со атмосферската канализација, реконструкција на коловозот, тротоарите и уличното осветлување во вредност од 50 милиони 500 илјади денари од Буџетот за 2022 година. Мислам дека сите треба да гласаме за оваа одлука и едногласно да ја донесеме, а причината за тоа е решавање на проблемите на овие жители кои реков дека траат повеќе од 30 години, истакна Жаклина Шопова, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница.
Шопова додаде дека е потребно да се отиде на оваа улица и да се поразговара со граѓаните и да се осознаат вистинските проблеми на граѓаните со кои што се соочуваат изминативе 30-тина години.
„Епа разликата помеѓу претходниот градоначалник и оваа градоначалничка всушност е тоа, да се слушне гласот на народот и проблемите да се стават на лист хартија и истите да се реализираат. Меѓутоа при реализација на проблемите на граѓаните секогаш не треба да ги користиме и личните интереси. Морам, а не можам да не спомнам дека претходниот градоначалник г-динот. Петре Шилегов тоа знаеше толку добро да го изманипулира и да го изведе, па мора да го споменам бул. „Борис Трајковски“ кој имаше време од четири години во својот мандат, проект вреден 3 милиони и 400 евра ако не се лажам, да го нормално да го изгради, меѓутоа тој не успеа“, појасни Шопова.
Шопова посочи дека пред локални избори Петре Шилегов раскопа само 200 метри од бул. „Борис Трајковски“, донесе машинерија, се сликаше, и тоа си го искористи во предизборната кампања.
„Исто така дека проблемите на граѓаните оваа градоначалничка има слух и ги решава, не можам да не речам е решавање на еден важен проблем со фекална канализација кој што извинете ве молам во 21 век на само 3.8 километри од централното градско подрачје да имате жители кои немаат фекална канализација, тоа се жителите од населба Градинар, во општина Кисела Вода и за кои што за среќа на минатата седница ја изгласавме одлуката за изградба на фекална канализација“, рече Шопова.
Шопова укажа дека од Секторот за урбанизам на Град Скопје побарала да и достават во изминатите четири години колку одлуки за меѓуопштинска соработка со Градот Скопје биле донесени, реализирани и колку не биле реализирани. Општина Центар имала 13 вакви одлуки, и Општина Сарај 15, меѓутоа реализирани кај двете општини се по девет вакви одлуки комплетно реализирани, а сите други останати или се нереализирани или делумно реализирани. А, постојат и такви каде што нема никакви податоци. За разлика од овие две општини, Општина Шуто Оризари и Општина Кисела Вода имале по 4 вакви одлуки за меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, и комплетно реализирани одлуки за Општина Шуто Оризари се само 2, а за Општина Кисела Вода се три. Гази Баба има 15 донесени одлуки, а реализирани 3. Бутел има донесено 7 одлуки, а реализирани 3. Општина Чаир има 6 донесено одлуки, а реализирани 2. Карпош има 15 донесени одлуки, а 5 реализирани. Општина Аеродром има 6 донесено одлуки, а 4 реализирани. Општина Ѓорче Петров има 6 одлуки, од кои 4 се реализирани. Народот ова го знае и затоа СДСМ се казни на изборите.