понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопјани по десети пат ќе уживат во скопскиот пивски фестивал – Пиволенд

Скопјани по десети пат ќе уживат во скопскиот пивски фестивал – Пиволенд

Дванаесетото издание на скопскиот пивски фестивал Пиволенд ќе се оддржи на 21-ви, 22-ри и 23-ти Септември на паркингот пред спортската сала Борис Трајковски.

Најголемиот гурмански викенд со Пиво во Скопје како и предходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма.

На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители.

Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото : ДОЈДИ ВИДИ ИСПИЈ. ПИВОЛЕНД 2023