Аерозагадувањето во Град Скопје има влошувачки тренд низ годините, нотираат од еколошката иницијатива „Скопје смог аларм“.
„Ако се земат податоците од четирите владини мерни станици во Скопје (Центар, Карпош, Ректорат – УКИМ и Миладиновци) може да се забележи дека аерозагадувањето во 2018 е полошо дури од 2015 година. Просечниот број на денови со надмината среднодневна гранична вредност за PM10 честички (50mg/m3) во Скопје во 2018 е 140 денови и е во континуиран пораст, додека просечната годишна концентрација на ПМ10 честички е релативно стабилна низ годините. Податоците се уште повеќе застрашувачки ако се има во предвид дека недостасуваат вредностите од неисправните мерни станици Лисиче и Гази Баба кои секогаш се највисоки“, соопштуваат од иницијативата.