петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје во мрак: Зошто многу населби останаа без струја?

Скопје во мрак: Зошто многу населби останаа без струја?

Голем број на скопски населби останаа без струја.

Според неофицијалните информации до кои дојдовме, проблемот е поради дефект на трафостаницата во Пинтија.

Три пати струјата доаѓа, па повторно ја снемува.

Ве советуваме да ги изгасите своите телевизори и апарати бела техника од каблите.

Без струја се  населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, Козле, Ѓорче Петров, Мичурин, Автокоманда и дел од Центар.

Од ЕВН засега не одговараат на прашањата за ваквата состојба.