среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Следниот месец ЗОО Скопје станува дом за редок и загрозен вид волци

Следниот месец ЗОО Скопје станува дом за редок и загрозен вид волци

За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на арктички бели волци, информираат од ЗОО Скопје.

-Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец. Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите, информираат од ЗОО Скопје.