петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Смеа до солзи во Кисела Вода: Синоќа стенд ап комедија со Бојан Велевски

Смеа до солзи во Кисела Вода: Синоќа стенд ап комедија со Бојан Велевски

Синоќа, паркот “Македонија” беше претворен во арена за смеа и забава, водена од комичарот Бојан Велевски. Со своите анегдоти и уникатен хумор ги насмеа сите присутни кои цел час уживаа во енергијата и духот на ова стенд ап шоу.

Како поддршка и одлично дополнување, на Велевски му се придружи и Игор Стојанов-Баркли, кој донесе уште повеќе смеа и аплаузи.

Овој настан, поддржан од Општина Кисела Вода, е дел од големата стенд-ап турнеја на Бојан Велевски, која се одржува низ цела Македонија. Со поддршката на ваквите настани, општината продолжува со реализацијата на стратегијата за обезбедување на квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани, поттикнувајќи го културниот живот на локално ниво.

На крајот, публиката беше поканета да го следи завршниот настап на стенд-ап турнејата насловена “Све ли ја да мислам”за кој картите се во продажба и кој ќе се одржи во клубот “Станица 26”, на 18.11.2023 каде што Бојан Велевски уште еднаш ќе го презентира својот уметнички шарм и непогрешливо чувство за хумор.