четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: Марин ја упропасти цела општина, а се фали со еден парк

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: Марин ја упропасти цела општина, а се фали со еден парк

Цел мандат Марин го потроши, а освен еден преуреден простор нема апсолутно ништо направено. Напротив се упропасти цела општина и тоа граѓаните лесно може да го видат, ова преку реакција денеска го истакнаа од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Аеродром.

-Дивите депонии во Долно и Горно Лисиче остануваат нерешени. Кејот на Вардар е тотално запоставен. Десетици нови згради никнаа на секоја слободна површина во Аеродром. Стотици здрави дрвја беа исечени со амин на Марин и Шилегов заради изградба на нови згради. Толку се неспособни, што единствениот еко-билборд поставен пред ТЦ “Бисер” со донација од приватна компанија се исуши, поради ненаводнување. Загадувањето на воздухот руши рекорди, Аеродром е секојдневно број 1 најзагадена општина, ама СДСМ се фали дека изградиле ЕДЕН парк за 3 години, потенцираат од советничката група.

Од таму додаваат дека заборавија да се пофалат дека останатите 15 паркови во Аеродром им се исушија, фонтаните не функционираат, тревата буквално нема кој да ја искоси.