четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје продолжува со спроведување на нови политики, отворен пристап, транспарентност, достапност на институциите и комуникација со скопјани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје продолжува  со спроведување на нови политики, отворен пристап, транспарентност, достапност на институциите и комуникација со скопјани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје почнувајќи од денеска започна со отворени средби со граѓаните се со цел приближување на граѓаните до работата на градот, реализација на проекти, како и директно запознавање на проблемите со кои се соочуваат.

Ваквата иницијатива за отворени средби од страна на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје која ќе се одвива секоја прва среда во месецот наиде на поздравување од страна на скопјани, кои на средбите заклучија е добра основа за отворен разговор, слушање на предлози идеи и проекти, но и проблеми со кои што се соочуваа изминатите четири години.

На средбата голем број на граѓани посочија дека изминатите четири години биле запоставени од страна на локалните власти, а градот узурпиран од поединци, чија примарна цел било сопствениот интерес, а не решавање на сериозните проблеми и потребите на скопјани.

Голем број на нерешени проблеми, нетранспарентност, нефункционалност на институциите под надлежност на градот, не реализација на проекти и немање на слух од страна на локалните власт се само дел од проблемите кои што денес советниците во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ги констатирале од разговорите со скопјани.

ВМРО-ДПМНЕ и Советничката група во Град Скопје и понатаму продолжуваат со спроведување на нови политики и отворен пристап, се со цел поголема транспарентност, достапност на институциите и комуникација со граѓаните.

Воедно, скопјани ќе можат своите предлози, проблеми и сугестии да ги достава и по електронски пат на: [email protected].