четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје го отфрли предлогот угостителите и малите бизниси да плаќаат такса за урбана опрема во текот на целата година

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје го отфрли предлогот угостителите и малите бизниси да плаќаат такса за урбана опрема во текот на целата година

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на денешната седница во Советот на Град Скопје гласаше против предложената точка угостителските објекти и мали бизниси да плаќаат такса за поставена урбана опрема во текот на целата година, вклучително и во месеците кога субјектите не ја користат, се вели во нивниот Фејсбук статус.

-Сметаме дека во услови на тешки бизнис околности, силна енергетска криза со која Владата се соочува на катастрофален начин и инфлација која ги јаде заработките на претпријатијата кои се на работ на издржливост, наметнувањето на обврска да се плаќа такса за урбана опрема за месеците кои таа не се користи ќе преставува дополнително оптоварување на бизнисите. Донесена е одлука да се отфрли таквиот предлог и претпријатијата и објектите да не плаќаат такса за месеците во кои таа нема да се користи, истакнуваат од советничката група.