Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ гостуваше директорот на депонијата „Дрисла“, Горан Ангелов кој одговори на прашањата на новинарите дали „Дрисла“ е еден од поголемите загадувачи на град Скопје.
Горан Ангелов одговори – „Дрисла е во фокусот на интересот повеќе години и вие се бавите со истражувачко новинарство, ако не се лажам. А, најпрвин можам да кажам дека Дрисла дефинитивно не влијае на загадувањето на градот Скопје. Тоа одговорно го тврдам, 100 пати го кажавме и го имаме докажано во повеќе наврати“.
Новинарот го запраша Ангелов – „Како да ви веруваме ако филтерот сега не работи“?
На ова прашање директорот потврди дека филтерот не работи, затоа го известиле самото министерство за животна средина во понеделник, а имаат дојдено дури во среда, т.е. вчера.
Минатата година по надзорот спроведен во Скопје, а во кој се опфатени осум компании, е констатирано дека „Дрисла“ не ги почитува протоколите и за горењето медицински отпад е казнета парично со 8.500 евра. „Правниот субјект е инспектиран во периодот пред вонредните надзори, има добиено решение во инспекциска постапка за натамошно постапување со печката за согорување медицински отпад во денови на нормално функционирање и денови кога има надминување на праговите во станица „Лисиче“.
А, мерната станица Лисиче е исклучена уште од август минатата година така да граѓаните немаат ниту сознанија колку е загаден воздухот што го дишат таму, дали е случајност или не, се уште нема одговор од самото министерство задолжено за животна средина, ниту пак од Владата.