Иницијативата на жени од Шуто Оризари информира дека одбележува годишнина од немање на матичен гинеколог во општина Шуто Оризари!
„8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19 откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација. Иако Министерстворо за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата се уште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од нашата општина веќе подолго време е ставено во ризик“, велат тие.
Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација во Шуто Оризари, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.