Општина Гази Баба денес 16.03.2022 година објави Јавен повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година.
За објавениот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Почитувани граѓани,
Општина Гази Баба со цел да ги стимулира жителите за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови, денес 16.03.2022 година објави Јавен повик за субвенционирање на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.01.2022 година па се до денот на завршување на Јавниот повик односно до трошење на предвидените финансиски средства за 2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Ги повикувам граѓаните да аплицираат, а повикот ќе се реализира по принципот прв дојден – прв услужен.
За условите и потребните документи Ве упатувам на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/aven-povik-za-nadomestuva-e-na-del-od-troshotcite-na-gra-anite-na-podrach-eto-na-opshtina-gazi-baba-za-kupuva-e-pechki-na-peleti-za-2022-godina, пишува Стефковски во својата објава.