среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Ново покачување на платите на сезонскита работници во Гази Баба

Стефковски: Ново покачување на платите на сезонскита работници во Гази Баба

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на ЈКП Гази Баба каде имаше средба со сезонските работници.

На средбата, градоначалникот Стефковски ги информираше сезонските работници за новото зголемување на платите.

За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СЕЗОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЈКП ГАЗИ БАБА.

Утрово имав средба со сезонските работници, ангажирани во ЈКП Гази Баба на која ги информирав за новото покачување на платите во висина од 2000 денари.

Ова е трето покачување на платите на сезонските работници кои се грижат за комуналната хигиена во општина Гази Баба од моето доаѓање за градоначалник.

Во 2021 година, работниците примаа плата во висина од 14.500 денари, а со ова покачување платата ќе изнесува 19.000 денари.

Со задоволство можам да кажам дека платите во изминатите две години се зголемени за 31%.

Сите ние сме сведоци на секојдневен раст на инфлацијата и токму поради тоа моја лична заложба е трендот на зголемување на платите да продолжи и во следниот период“. – напиша Стефковски.